ДОНЕСЕНИ 8 РЕШЕНИЈА И 1 ЗАКЛУЧОК

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на својата 176 седница одржана на 5 јули 2017 година, донесе 8 решенија и 1 заклучок.

* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Б.С. од Скопје, поднесена против Општината Чашка, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 5 јули 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Б.С. од Скопје, поднесена против Решението на Општината Чашка бр.17-556/2 од 09.06.2017 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Ве молиме да ни испратите копии од документите (фактури, сметкопотврди…) по кои се книжени промените на сметката на репрезентацијата на вашата Општина за 2012, 2013, 2014, 2015 и 2016 година.“, СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Општината Чашка на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
Решението на Општината Чашка бр.17-556/2 од 09.06.2017 година СЕ ПОНИШТУВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата бр.08-291 од 20.06.2017 година, изјавена од Б.С. од Скопје, поднесена против Решението на Општината Чашка бр.17-556/2 од 09.06.2017 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и ја ЗАДОЛЖИ Општината Чашка на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
Решението на Општината Чашка бр.17-556/2 од 09.06.2017 година ГО ПОНИШТИ.
По разгледувањето на Жалбите и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата под бр.08-291 на 20.06.2017 година, Б.С. од Скопје на 09.05.2017 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општината Чашка, заведено во Општината под бр.17-556/1 на 10.05.2017 година, со кое ги побарала следните информации:
„Ве молиме да ни испратите копии од документите (фактури, сметкопотврди…) по кои се книжени промените на сметката на репрезентацијата на вашата Општина за 2012, 2013, 2014, 2015 и 2016 година.“
Постапувајќи пo Барањето, на 12.06.2017 година Општината Чашка до барателот по меил доставила Решение за одбивање на Барање за пристап до информации од јавен карактер, заведено под број 17-556/3 од 09.06.2017 година. Во образложението на Решението, Општината наведува дека “…бараната информација потпаѓа под исклучоци од слободен пристап до информации од чл. 6 ст.1 т.2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“С.Весник на РМ” бр.13/06, 86/08, 06/10, 42/14, 148/15 и 55/16) т.е дека се работи за документи кои содржат личен податок чие откривање би значело повреда на заштитата на личните податоци. Во постапката на проверка на последиците што би се постигнале со објавување на информацијата-тест на штетност се оцени дека во конкретниот случај ќе има откривање на лични подтоци со што би ја повредиле заштитата на истите.”
Незадоволна од наведеното Решение, Б.С. од Скопје поднесе Жалба до Комисијата. Во Жалбата Бјанка Станковиќ наведува дека Решението на Општината Чашка бр. 17-556/3 од 09.06.2017 година е во спротивност со членот 10 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Комисијата, со допис бр.08-291 од 20.06.2017 година, ја препрати Жалбата до Општината Чашка и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 28.06.2017 година, Општината Чашка до Комисијата достави допис бр.17-556/5 од 23.06.2017 година, заведен во Комисијата под бр.08-291, со прилог Одговор на Жалба бр.17-556/4 од 23.06.2017 година. Во Одговорот на Жалба, Општината останува на наводите од Решението за одбивање на барањето за пристап до информации бр.17-556/3 од 09.06.2017 година и дополнува дека “…бараните документи не се содржани во Листата на информации од јавен карактер на Општината Чашка.”, поради што и предлага на Комисијата, Жалбата да ја одбие поради неоснованост, а цитираното Решение да го потврди.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата утврди дека Општината Чашка не постапила согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и до барателот не ги доставила бараните информации, одбивајќи го Барањето со Решение бр.17-556/3 од 09.06.2017 година.
Имено, Комисијата утврди дека, бараните информации “…копии од документите (фактури, сметкопотврди…) по кои се книжени промените на сметката на репрезентацијата на вашата Општина за 2012, 2013, 2014, 2015 и 2016 година.” се информации од јавен карактер согласно членот 10 став 1 алинеја 6 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер кој гласи: “Имателот на информации е должен да ја информира јавноста за: организацијата и трошоците на работењето, како и за давањето на услуги на граѓаните во управната постапка и за своите активности.”
Врз основа на се погоре наведено, Комисијата утврди дека Решението на Општината Чашка бр.17-556/3 од 09.06.2017 година е спротивно на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и истото го поништи.
Комисијата и укажува на Општината Чашка дека е должна да постапи согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и да ги достави бараните информации до барателот Б.С. на начин и во форма наведени во Барањето.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Б.С. од Скопје, поднесена против Општина Свети Николе, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 05 јули 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Б.С. од Скопје, поднесена против Општина Свети Николе, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Ве молиме да ни испратите копии од документите (фактури, сметкопотврди…) по кои се книжени промените на сметката на репрезентацијата на вашата Општина за 2012, 2013, 2014, 2015 и 2016 година“ СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Општина Свети Николе на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-292 на 20.06.2017 година, изјавена од Б.С. од Скопје, поднесена против Општина Свети Николе, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и ја ЗАДОЛЖИ Општина Свети Николе на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Б.С. од Скопје на 09.05.2017 година по е-маил поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Свети Николе, со кое ја побарала следната информација:
„Ве молиме да ни испратите копии од документи (фактури, сметкопотврди…) по кои се книжени промените на сметката на репрезентацијата на вашата Општина за 2012, 2013, 2014, 2015 и 2016 година?“.
Општина Свети Николе, како што е наведено во Жалбата, на 12.06.2017 година до Б.С. од Скопје по е-маил доставила Одговор на информации од јавен карактер во кој се наведува: “..На вашето барање да Ви дадеме копии од фактури сакаме да Ве известиме дека таква документација се дава на увид само на релевантни институции како што е УЈП, Министерство за финансии, Ревизори, Финансиска полиција и Суд. Од тие причини не можеме да ви дадеме копии од истите “.
Незадоволна од наведениот Одговор на Општина Свети Николе, Б.С. од Скопје поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-292 од 20.06.2017 година, ја препрати Жалбата до Општина Свети Николе и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Општина Свети Николе на 04.07.2017 година до Комисијата достави Одговор на жалба, заведен под бр.0903-85/сл, а во Комисијата заведен под бр.08-292.
Во Одговорот на жалбата е наведено:“..Имајќи го во предвид напред наведеното неспорно е дека документите што ги бара подносителот на жалба (фактури, сметкопотврди) не се предвидени со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и поради тоа истите не се доставени на увид на барателот.“
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Општина Свети Николе не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ја доставила бараната информација до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето.
Комисијата смета дека, во конкретниот случај, бараната информација е информација од јавен карактер. Во случајов, не станува збор за исклучок од слободниот пристап до информации од јавен карактер, туку за побарани документи кои произлегуваат од активностите на имателот на информации согласно неговите законски надлежности, односно за информации со кои располага имателот на информации согласно член 10 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од М.Ј. од Скопје, поднесена против Министерството за образование и наука, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 5 јули 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од М.Ј. од Скопје, поднесена против Министерството за образование и наука, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Фактури и фискални сметки за ресторански и угостителски услуги на министерот и останатите службени лица во министерството за 2016 година.“ СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за образование и наука на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-280 на 08.06.2017 година, изјавена од М.Ј. од Скопје, поднесена против Министерството за образование и наука, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за образование и наука на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, М.Ј. од Скопје, на 05.05.2017 година до Министерството за образование и наука поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.3-399/17-1, заведено во Министерството на 08.05.2017 година, со кое побарала по пошта да и биде доставен препис или фотокопија, од следната информација:
„Фактури и фискални сметки за ресторански и угостителски услуги на министерот и останатите службени лица во министерството за 2016 година.“
Министерството за образование и наука, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.08-280 од 09.06.2017 година, ја препрати Жалбата до Министерството за образование и наука и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за образование и наука не одговори ниту на Дописот на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за образование и наука не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ја доставила бараната информација до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето, а не одговори ни на Дописот на Комисијата.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од М.Ј. од Скопје, поднесена против Министерството за животна средина и просторно планирање, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 5 јули 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од М.Ј. од Скопје, поднесена против Министерството за животна средина и просторно планирање, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Фактури и фискални сметки за ресторански и угостителски услуги на министерот и останатите службени лица во министерството за 2016 година.“ СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за животна средина и просторно планирање на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-282 на 08.06.2017 година, изјавена од М.Ј. од Скопје, поднесена против Министерството за животна средина и просторно планирање, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за животна средина и просторно планирање на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, М.Ј. од Скопје, на 05.05.2017 година до Министерството за животна средина и просторно планирање поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.3-397/17-1, заведено во Министерството на 08.05.2017 година, со кое побарала по пошта да и биде доставен препис или фотокопија, од следната информација:
„Фактури и фискални сметки за ресторански и угостителски услуги на министерот и останатите службени лица во министерството за 2016 година.“
Министерството за животна средина и просторно планирање, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.08-282 од 09.06.2017 година, ја препрати Жалбата до Министерството за животна средина и просторно планирање и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за животна средина и просторно планирање не одговори ниту на Дописот на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за животна средина и просторно планирање не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ја доставила бараната информација до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето, а не одговори ни на Дописот на Комисијата.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од М.Ј. од Скопје, поднесена против Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 05 јули 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од М.Ј. од Скопје, поднесена против Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Фактури и фискални сметки за ресторански и угостителски услуги на министерот и останатите службени лица во Министерството за 2016 година“ СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за економија на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-284 на 08.06.2017 година, изјавена од М.Ј. од Скопје, поднесена против Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за економија на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, М.Ј. од Скопје, на 05.05.2017 година до Министерството за економија поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.3-395/17-1, заведено во Министерството на 08.05.2017 година, со кое побарала по пошта да и биде доставен препис, или фотокопија, од следната информација:
„Фактури и фискални сметки за ресторански и угостителски услуги на министерот и останатите службени лица во Министерството за 2016 година“.
Министерството за економија, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-284 од 09.06.2017 година, ја препрати Жалбата до Министерството за економија и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 28.06.2017 година Министерството за економија до Комисијата достави допис насловен Достава на информации бр.05-2535/2 од 22.06.2017 година, заведено во Комисијата под бр.08-284.
Во дописот, Министерството за економија наведува дека „…врз основа Барање за пристап до информации од јавен карактер, во прилог на дописот ви ги доставуваме бараните податоци во вид на финансиски картички…“. Меѓутоа, наведениот прилог не е доставен до Комисијата.
На 03.07.2017 година М.Ј. од Скопје, по електронски пат, до Комисијата достави допис во кој наведува дека на 03.07.2017 година добила одговор од Министерството за економија и дека „во одговорот пишува дека во прилог се „финансиски картички“, но очигледно, во пликото заборавен е да се достави одговорот, односно доставена ми е само една страна на која пишува дека Министерството ги доставува бараните информации“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за економија не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ги доставило бараните информации до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од М.Ј. од Скопје, поднесена против Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 05 јули 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од М.Ј. од Скопје, поднесена против Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер: „Фактури и фискални сметки за ресторански и угостителски услуги на министерот и останатите службени лица во Министерството за 2016 година“ СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-285 на 08.06.2017 година, изјавена од М.Ј. од Скопје, поднесена против Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, М.Ј. од Скопје, на 05.05.2017 година до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.3-393/17-1, заведено во Министерството на 08.05.2017 година, со кое побарала по пошта да и биде доставен препис, или фотокопија, од следната информација:
„Фактури и фискални сметки за ресторански и угостителски услуги на министерот и останатите службени лица во Министерството за 2016 година“.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-285 од 09.06.2017 година, ја препрати Жалбата до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство не одговори на дописот на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ги доставило бараните информации до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето, а не одговори ниту на дописот од Комисијата.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Г.Л., новинар од Кочани, поднесена против Министерството за внатрешни работи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 05 јули 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Г.Л., новинар од Кочани, поднесена против Министерството за внатрешни работи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Фактури по кои се книжени трошоците на контото репрезентација за 2011, 2012, 2013, 2014, 2015, 2016 година“ СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за внатрешни работи на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
Решението на Министерството за внатрешни работи бр.16.1.2-857/1 од 07.06.2017 година СЕ ПОНИШТУВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр. 08-290 на 19.06.2017 година, изјавена од Г.Л., новинар од Кочани, поднесена против Министерството за внатрешни работи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за внатрешни работи на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
Решението на Министерството за внатрешни работи бр.16.1.2-857/1 од 07.06.2017 година го ПОНИШТИ.
По разгледувањето на Жалбите и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Г.Л., новинар од Кочани, на 25.05.2017 година до Министерството за внатрешни работи поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер, со кое побарал по пошта, или преку е-маил, да му биде доставена фотокопија, или електронски запис од следната информација:
„Фактури по кои се книжени трошоците на контото репрезентација за 2011, 2012, 2013, 2014, 2015, 2016 година“.
Министерството за внатрешни работи, како што е наведено во Жалбата, на барателот му доставило Решение за одбивање на пристапот до бараната информација бр.16.1.2-857/1 од 07.06.2017 година.
Во оспореното Решение се наведува дека „…Согласно член 6 став 1 алинеја 2 и 4 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер…бараната информација врз основа на закон претставува личен податок…информација чие давање би значело повреда на доверливоста на даночната постапка, поради тоа што секоја фактура/сметка за репрезентација е поврзана за име и презиме на вработениот во МВР…Одделот за односи со јавност и стратешко планирање…го спроведе задолжителниот Тест на штетност утврдувајќи дека со давањето на бараната информација ќе настане значителна штета на вработените во Министерството за внатрешни работи“.
Против наведеното Решение, Г.Л., новинар од Кочани, поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-290 од 19.06.2017 година, ја препрати Жалбата до Министерството за внатрешни работи и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 28.06.2017 година, Министерството за внатрешни работи до Комисијата достави допис насловен Достава на списи во врска со жалба бр.16.1.2-950/1 од 27.06.2017 година, заведен во Комисијата под бр.08-290. Во Одговорот е наведено дека Министерството за внатрешни работи останува на наводите во оспореното Решение бр.16.1.2-857/1 од 07.06.2017 година.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за внатрешни работи не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ја доставило бараната информација до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето.
Комисијата смета дека, бараната информација е информација од јавен карактер. Во случајов, не станува збор за исклучок од слободниот пристап до информации од јавен карактер, туку за побарани документи кои произлегуваат од организацијата и трошоците на работењето на Министерството за внатрешни работи, односно за информации кои согласно член 10 алинеја 7 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер имателот на информации е должен да ја информира јавноста.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ Скопје, поднесена преку полномошникот Д.А. од Скопје, против Владата на Република Македонија-Генерален секретаријат, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 05 јули 2017 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ Скопје, поднесена преку полномошникот Д.А. од Скопје, против Известувањето на Владата на Република Македонија-Генерален секретаријат бр.49-2054/1 од 05.05.2017 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ УВАЖУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010, 42/2014, поднесена 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-298 од 01.06.2017 година, изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ Скопје, поднесена преку полномошникот Д.А. од Скопје, против Известувањето на Владата на Република Македонија-Генерален секретаријат бр.49-2054/1 од 05.05.2017 годиина, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
Комисијата по разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот го констатира следното.
Постапувајќи по Пресуда на Пресуда на Вишиот Управен суд УЖ-3.бр.92/2016 од 13.07.2016 година, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации на 21.09.2016 година, донесе Решение бр.07-298 со кое Жалбата ја уважи и ја задолжи Владата на Република Македонија-Генерален секретаријат до барателот да ја достави бараната информација:
„Доставете ни фотокопии од примероци од медија планот и закупот на медиумски простор во електронските и печатени медиуми за потребите на кампањата на Владата на РМ за објаснување на последиците од абортусот – “Избери живот – имаш право на избор” во 2010 година“ во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението.
Владата на Република Македонија -Генерален секретаријат на 09.05.2017 година до барателот Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ Скопје доставила Известување заведено под бр. 49-2054/1 од 05.05.2017 година.
Во Известувањето, покрај другото е наведено: “Во однос на барањата, во делот фотокопии од примероци од медија планот и закупот на медиумски простор во електронските и печатени медиуми за потребите на кампањата на Владата на РМ за објаснување на последиците од абортусот – “Избери живот – имаш право на избор” во 2010, 2011 и 2012 година“, Генералниот секретаријат повторно ги разгледа и во однос на истите постапи согласно член 24 став(1) а во врска со член 2 став (2) од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), односно со дописи бр.47-7357/4 од 07.10.2016 година и бр.47-7357/6 од 07.10.2016 година сметаме дека позитивно одговоривме на вашите барања“.
Незадоволно од доставеното Известување, Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ Скопје, преку полномошникот Д.А. од Скопје, поднесе Жалба до Комисијата, заведена под бр.07-298 на 01.06.2017 година.
Комисијата со допис бр.07-298 од 06.06.2017 година ја препрати Жалбата до Владата на Република Македонија-Генерален секретаријат и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Владата на Република Македонија-Генерален секретаријат на 29.06.2017 година до Комисијата достави Одговор на жалба бр.49-2054/7 од 28.06.2017 година, заведен во Комисијата под бр.07-298.
Во Одговорот на жалбата е наведено: “Во однос на предметните барања, во делот “Фотокопии од примероци од медија планот и закупот на медиумски простор во електронските и печатени медиуми за потребите на кампањата на Владата на РМ за објаснување на последиците од абортусот – “Избери живот – имаш право на избор” во 2010, 2011 и 2012 година“, Генералниот секретаријат повторно ги разгледа и во однос на истите постапи согласно член 24 став (1) од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), односно ги достави бараните информации.
Во прилог на Одговорот на жалбата го достави и Одговорот до Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ Скопје, заведен во Генералниот секретаријат под бр.49-2054/5 од 28.06.2017 година.
Во Одговорот до барателот покрај другото е наведено и “….во прилог ви ги доставуваме бараните информации, со појаснување дека кампањата не е реализирана во 2010 година и од тие причини, во нашиот одговор се опфатени податоци кои се однесуваат на 2011 и 2012 година.
По разгледување на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата утврди дека Владата на Република Македонија-Генерален секретаријат не постапила соглано Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Комисијата укажува на следното: Доколку Владата на Република Македонија-Генерален секретаријат не располага со бараната информација :“Доставете ни фотокопии од примероци од медија планот и закупот на медиумски простор во електронските и печатени медиуми за потребите на кампањата на Владата на РМ за објаснување на последиците од абортусот – “Избери живот – имаш право на избор” во 2010 година, како што наведува во Одговорот до барателот бидејќи кампањата за 2010 не била спроведена, должна е да постапи согласно член 26 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, според кој „ако Барањето се однесува на информација со која не располага имателот, или ако бараната информација веќе е објавена во согласност со членовите 18 и 23 од овој закон, имателот на информацијата со Заклучок ќе ја прекине постапката“.
При повторното постапување по предметот, Владата на Република Македонија-Генерален секретаријат е должен да постапи согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и укажувањата на Комисијата.
Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од М.Ј. од Скопје, поднесена против Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 106 став 2 и став 3 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 5 јули 2017 година, го донесе следниот

З А К Л У Ч О К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од М.Ј. од Скопје, поднесена против Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Фактури и фискални сметки за ресторански и угостителски услуги на генералниот секретар за 2016 година.“, поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-278 на 08.06.2017 година, изјавена од М.Ј. од Скопје, поднесена против Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, М.Ј. од Скопје, на 05.05.2017 година до Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.3-388/17-1, заведено во Генералниот секретаријат на Владата на 08.05.2017 година, со кое побарала по пошта да и биде доставен препис или фотокопија, од следната информација:
„Фактури и фискални сметки за ресторански и угостителски услуги на генералниот секретар за 2016 година.“
Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-278 од 09.06.2017 година, ја препрати Жалбата до Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 27.06.2017 година, Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија до Комисијата достави Одговор на жалба бр.49-2094/6 од 22.06.2017 година, во кој се наведува дека Генералниот секретаријат позитивно одговорил на барателот со допис бр.49-2094/3 од 19.06.2017 година, за што е изготвен и Записник бр.49-2094/4 од 19.06.2017 година.
На 30.06.2017 година М.Ј. од Скопје, по е-маил ја извести Комисијата дека ја повлекува Жалбата изјавена против Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија бидејќи добила одговор по поднесеното Барање и е задоволна од истиот.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија постапил по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.