ДОНЕСЕНИ 16 РЕШЕНИЈА И 8 ЗАКЛУЧОЦИ

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на својата 175 седница одржана на 28 јуни 2017 година, донесе 16 решенија и 8 заклучоци.

* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбите изјавени од Г.З. од Велес, поднесени против Основен суд Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 28 јуни 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбите бр.08-254 од 19.05.2017 година и бр.08-254 од 07.06.2017 година, изјавени од Г.З. од Велес, поднесени против Основен суд Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Бараме да извршиме увид во комплетна документација и достава за П.бр.319/95 и за извршен број И.бр.3164/2000 год. на Основен суд Велес. Исто така за П.бр.319/95 бараме и увид во Деловодна книга за ставена Правосилност и Извршност во Основен суд Велес на ден 21.09.2000 год…на увидот да ни се дозволи препис од одредени документи. Исто така бараме Пресудата П.бр.319/95 да ни се даде во Препис со печат на Правосилност и Извршност од 21.09.2000 год.“ СЕ УВАЖУВААТ и СЕ ЗАДОЛЖУВА Основниот суд Велес на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
Заклучокот на Основниот суд Велес СПИ бр.6/17 од 29.05.2017 година СЕ ПОНИШТУВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ги разгледа Жалбите бр.08-254 од 19.05.2017 година и бр.08-254 од 07.06.2017 година, изјавени од Г.З. од Велес, поднесени против Основен суд Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ги УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Основниот суд Велес на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
Заклучокот на Основниот суд Велес СПИ бр.6/17 од 29.05.2017 година го ПОНИШТИ.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Г.З. од Велес на 31.03.2017 година до Основниот суд Велес поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер, заведен во Судот под СПИ бр.6/17 на 03.04.2017 година, со кое ја побарал следната информација:
„Бараме да извршиме увид во комплетна документација и достава за П.бр.319/95 и за извршен број И.бр.3164/2000 год. на Основен суд Велес. Исто така за П.бр.319/95 бараме и увид во Деловодна книга за ставена Правосилност и Извршност во Основен суд Велес на ден 21.09.2000 год…на увидот да ни се дозволи препис од одредени документи. Исто така бараме Пресудата П.бр.319/95 да ни се даде во Препис со печат на Правосилност и Извршност од 21.09.2000 год.“
Постапувајќи по Барањето, на 28.04.2017 година, Основниот суд Велес на барателот му овозможил увид во бараните документи, за што составил Записник СПИ-6/17.
По извршениот увид, Г.З. од Велес на 19.05.2017 година поднесе Жалба до Комисијата, заведена под бр.08-254. Во Жалбата тој наведува дека „…Согласно моите Барања да ми се издаде фотокопие или препис од П.бр.319/95 со ставени Одлуки на Правосилност и Извршност од ден 21.09.2000 година – Судот не ми издаде таква Пресуда, туку само фотокопие без печати…не ми е дадено она што барав…имаме фотокопие од П.бр.319/95, а исто така и Пресуда П.бр.319/95 со оригинал печат од Правосилност и Извршност, но ни треба Препис за заверка со печати на Правосилност и Извршност…“.
Во прилог на Жалбата до Комисијата е доставена фотокопија од Пресуда на Основниот суд Велес П.бр.319/95 од 18.01.2000 година, без печат на правосилност и извршност. Исто така, до Комисијата е доставена и фотокопија од исто таква Пресуда на Основниот суд Велес П.бр.319/95 од 18.01.2000 година, но на која на првата страница е ставен печат на Судот и штембил со назнака дека „Одлуката е правосилна – 21.09.2000 год.“, потпишан од Управител на судската писарница, а на последната страница со печат на Судот со назнака за „Согласност на овој препис од изворникот го потврдува Управителот на судска писарница“, потпишан од наведениот Уравител на судската писарница.
Комисијата, со допис бр.08-254 од 19.05.2017 година, ја препрати Жалбата до Основниот суд Велес и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 05.06.2017 година, Основниот суд Велес до Комисијата достави Произнесување по жалба СПИ бр.6/17 од 29.05.2017 година, заведен во Комисијата под бр.08-254. Во Произнесувањето по жалба Основниот суд наведува дека Судот „…му овозможи на барателот увид на начин што имаше доволно време да се запознае со содржината на информацијата…неколку акти во предметот…беа фотокопирани и предадени на рака на барателот. При увидот барателот утврди дека изворникот на Пресудата П.бр.319/95 од 18.01.2000 година содржана во списите не содржи потврди на правосилност и извршност со датум 21.09.2000 година и не побара да му се издаде фотокопие на Пресудата која е содржана во списите – изворник. За овој дел од Барањето, лицето задолжено за посредување со информации од јавен карактер донесе Заклучок СПИ бр.6/17 од 29.05.2017 година, со кој согласно чл.26 ст.2 од ЗСПИЈК за ова Барање ја прекина постапката“.
Во прилог на Произнесувањето по жалба, до Комисијата е доставен Заклучок од 29.05.2017 година, потпишан од службеното лице за посредување со информации од јавен карактер, со кој „постапката поведена по Барање за пристап до информација од јавен карактер на барателот Г.З. од Велес, со кое бара да му се издаде препис од Пресуда П.бр.319/95 од 18.01.2000 година на Основен суд Велес со потврди на правосилност и извршност од 21.09.2000 година, се прекинува“. Во Образложението на Заклучокот е наведено дека „…лицето овластено за посредување со информации од јавен карактер констатира дека во списите на предметот на Изворникот на пресудата П.бр.319/95 од 18.01.2000 година не се содржани потврди на правосилност и извршност од 21.09.2000 година…Основен суд Велес не располага со бараната информација…исполнети се законските услови од чл.26 ст.2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер…“.
Незадоволен од добиениот Заклучок, на 07.06.2017 година, Г.З. од Велес поднесе Жалба до Комисијата, заведена под бр.08-254. Во Жалбата тој наведува дека „ …лице од Основен суд Велес задолжено да одговори на моето барање…донесува Заклучок и ја прекинува постапката. При мојот увид во Основен суд Велес службеното лице од Судот состави Записник…плус Пресуда од нејзе без печати, и уште 2 документа…што првпат ги гледам во предметот и запишано е во Записникот дека јас не сум задоволен од увидот, затоа што не ми е дадено тоа што го побарав во Барањето…Судот…ја донел Пресудата на 18.01.2000 година, а на 21.09.2000 година има ставено Правосилност и Извршност…од службено лице од Основен суд Велес. Апсолутна невистина е дека во Изворникот на пресудата нема печати…А тоа што на 01.11.2000 година е препратена до Основен суд Скопје 1 – тоа не е наша работа, бидејќи они отпосле се жалеле на веќе Правосилна и Извршна Пресуда П.бр.319/95, кога ние ги бараме судските трошкови…“.
Комисијата, со допис бр.08-254 од 07.06.2017 година, ја препрати Жалбата до Основниот суд Велес и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 23.06.2017 година Основниот суд Велес до Комисијата достави Произнесување по жалба СПИ бр.6/17 од 20.06.2017 година, заведено во Комисијата под бр.08-254.
Во Произнесувањето по жалба Основниот суд Велес, потпишано од службеното лице задолжено за посредување со информациите на Судот, се наведува: „Останувам во целост на наводите во Произнесувањето СПИ бр.6/17 од 29.05.2017 година…“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Основниот суд Велес не постапил согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не доставил дел од бараните информации до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето.
Во конкретниот случај Основниот суд Велес на барателот не му доставил препис од Пресудата П.бр.319/95 со печат на Правосилност и Извршност од 21.09.2000 година. Видно од приложената фотокопија од страна на жалителот од таква Пресуда на Основниот суд Велес П.бр.319/95 од 18.01.2000 година, може да се констатира дека Судот изготвил, односно раполагал со таква Пресуда П.бр.319/95 од 18.01.2000 година, на која на првата страница има ставено печат на Судот и штембил со назнака дека „Одлуката е правосилна – 21.09.2000 год.“, потпишан од Управител на судската писарница, а на последната страница печат на Судот со назнака за „Согласност на овој препис од изворникот го потврдува Управителот на судска писарница“, потпишан од наведениот Уравител на судската писарница.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Б.П. од Велес поднесена против Агенцијата за катастар на недвижности-Одделение за катастар на недвижности-Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 28 јуни 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Б.П. од Велес, поднесена против Агенцијата за катастар на недвижности-Одделение за катастар на недвижности-Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Дали Агенцијата за катастар на недвижности – одделение Велес, како имател на информации од јавен карактер, за издавање на фотокопии од јавен карактер, по претходно поднесено Барање по ЗСПИЈК, може да наплатува по тарифникот на Агенцијата за катастар и премер, и покрај донесената Одлука бр.19-6310/1 од 24.12.2006 година од Владата на Република Македонија, кога имателите на информации од јавен карактер за наплата на материјални трошоци постапуваат согласно Одлуката бр.19-6310/1 од 24.12.2006 година, посебно од причини што судовите, министерствата и останатите иматели на информации од јавен карактер, кој се финансираат и користат средства од буџетот на Р. Македонија за наплата на материјални трошоци постапуваат согласно Одлуката бр.19-6310/1 од 24.12.2006 година на Владата на Република Македонија“ СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Агенцијата за катастар на недвижности-Одделение за катастар на недвижности-Велес на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата бр.08-252 од 17.05.2017 година, изјавена од Б.П. од Велес, поднесена против Агенцијата за катастар на недвижности-Одделение за катастар на недвижности-Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот ЈА УВАЖИ и ја ЗАДОЛЖИ Агенцијата за катастар на недвижности-Одделение за катастар на недвижности-Велес на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Б.П. од Велес истата ја поднесува поради непостапување на Агенцијата за катастар на недвижности-Одделение за катастар на недвижности-Велес по препратено Барање за пристап до информации од јавен карактер од Владата на Република Македонија – Генерален секретаријат бр.49-1669/2 од 25.04.2017 година, со кое е побарана следната информација:
„Дали Агенцијата за катастар на недвижности – одделение Велес, како имател на информации од јавен карактер, за издавање на фотокопии од јавен карактер, по претходно поднесено Барање по ЗСПИЈК, може да наплатува по тарифникот на Агенцијата за катастар и премер, и покрај донесената Одлука бр.19-6310/1 од 24.12.2006 година од Владата на Република Македонија кога имателите на информации од јавен карактер за наплата на материјални трошоци постапуваат согласно Одлуката бр.19-6310/1 од 24.12.2006 година, посебно од причини што судовите, министерствата и останатите иматели на информации од јавен карактер, кој се финансираат и користат средства од буџетот на Р. Македонија за наплата на материјални трошоци постапуваат согласно Одлуката бр.19-6310/1 од 24.12.2006 година на Владата на Република Македонија…“.
Комисијата, со допис бр.08-252 од 19.05.2017 година, ја препрати Жалбата до Агенцијата за катастар на недвижности-Одделение за катастар на недвижности-Велес и побара во рок од седум дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 07.06.2017 година Агенцијата за катастар на недвижности-Одделение за катастар на недвижности-Велес до Комисијата достави Произнесување по жалба бр. 11-24-02/2017 од 29.05.2017 година, заведено во Комисијата под бр.08-252.
Во Произнесувањето по жалба е наведено дека „…по однос на поднесеното барање бр.1123-102-01 од 16.01.2017 год. е донесен Заклучок бр.1123-102-01 од 09.03.2017 год. за запирање на постапката…од причина што барањето не беше дополнето со соодветен надоместок, со Заклучок е констатирано дека барањето од Б.П. е повлечено согласно чл.17 ст.3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер…Висината на надоместокот за користење и увид на податоците од ГКИС се утврдува со Тарифник кој го донесува Управниот одбор на Агенцијата, на кој согласност дава Владата на Република Македонија, како и согласно Тарифник за висината на надоместокот за користење и увид на податоците од геодетско-катастарскиот информационен систем (Сл. весник на РМ бр.116/14, 1/2015 и 42/2016)“. Во прилог на Произнесувањето по жалба до Комисијата се доставени списи „по предмет 11-24-02 од 01.12.2016 год., предмет 1123-102-01/2017 од 16.01.2017 год. и предмет 1104-307-01 од 28.04.2017 година…“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Агенцијата за катастар на недвижности-Одделение за катастар на недвижности-Велес не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ја доставило бараната информација до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето.
Од списите по предметот е видно дека Агенцијата за катастар на недвижности-Одделение за катастар на недвижности-Велес на 27.04.2017 година уредно го примила Препраќањето на барање за пристап до информации од јавен карактер бр.49-1669/2 од 25.04.2017 година, доставено од страна на Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија и дека не постапила по истото, односно до барателот не доставила одговор на Барањето „Дали Агенцијата за катастар на недвижности – одделение Велес, како имател на информации од јавен карактер, за издавање на фотокопии од јавен карактер, по претходно поднесено Барање по ЗСПИЈК, може да наплатува по тарифникот на Агенцијата за катастар и премер, и покрај донесената Одлука бр.19-6310/1 од 24.12.2006 година од Владата на Република Македонија кога имателите на информации од јавен карактер за наплата на материјални трошоци постапуваат согласно Одлуката бр.19-6310/1 од 24.12.2006 година, посебно од причини што судовите, министерствата и останатите иматели на информации од јавен карактер, кој се финансираат и користат средства од буџетот на Р. Македонија за наплата на материјални трошоци постапуваат согласно Одлуката бр.19-6310/1 од 24.12.2006 година на Владата на Република Македонија…“. Наместо да му одговори на барателот на информации по препратеното Барање од Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија, Агенцијата за катастар на недвижности-Одделение за катастар на недвижности-Велес одговора на друго поднесено Барање од истиот барател на информации, заведено во Агенцијата под бр.1123-102-01 од 16.01.2017 година.
Поради погоре изложеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбите изјавени од Ж.Х.-З. од Скопје, поднесена против Решение на Министерството за внатрешни работи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 28 јуни 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата бр. 08-258 од 26.05.2017 година, изјавена од Ж.Х.-З. од Скопје, поднесена против Министерството за внатрешни работи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Увид во фактури во Министерството за внатрешни работи на име репрезентација за периодот од 2011 година до крајот на 2016 година“ СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за внатрешни работи на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
Решението на Министерството за внатрешни работи бр.16.1.2-737/1 од 18.05.2017 година СЕ ПОНИШТУВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ги разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр. 08-258 на 26.05.2017 година, изјавена од Ж.Х.-З. од Скопје, поднесена против Министерството за внатрешни работи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за внатрешни работи на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
Решението на Министерството за внатрешни работи бр.16.1.2-737/1 од 18.05.2017 година го ПОНИШТИ.
По разгледувањето на Жалбите и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата под бр.08-258 на 26.05.2017 година, Ж.Х.-З. од Скопје на 16.05.2017 година поставила преку телефон усно Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за внатрешни работи, со кое ја побарала следната информација:
„Увид во фактури во Министерството за внатрешни работи на име репрезентација за периодот од 2011 година до крајот на 2016 година“.
Министерството за внатрешни работи, како што е наведено во Жалбата, на 19.05.2017 година преку е-меил до Ж.Х.-З. од Скопје доставило одговор, односно Решение за одбивање на пристапот до бараната информација рег.бр.16.1.2-737/1 од 18.05.2017 година.
Во Образложението на Решението е наведено дека „…Одделот за односи со јавност и стратешки прашања, постапувајќи по одговорот добиен од страна на Одделот за финансиски прашања, утврди дека бараната информација претставува исклучок од информациите од јавен карактер и согласно член 6 став 1 алинеја 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер…претставува личен податок…го спроведе задолжителниот Тест на штетност утврдувајќи дека со давањето на бараната информација ќе настане значителна штета на вработените во Министерството за внатрешни работи…“.
Незадоволна од Решението на Министерството за внатрешни работи, Ж.Х.-З. од Скопје поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-258 од 26.05.2017 година, ја препрати Жалбата до Министерството за внатрешни работи и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 05.06.2017 година, Министерството за внатрешни работи до Комисијата достави допис насловен Достава на списи во врска со Жалба бр.16.1.2-809/1 од 30.05.2017 година, заведен во Комисијата под бр.08-258. Во прилог на дописот, до Комисијата е доставена фотокопија од списите по предметот.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за внатрешни работи не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ја доставило бараната информација до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето.
Комисијата смета дека, бараната информација е информација од јавен карактер. Во случајов, не станува збор за исклучок од слободниот пристап до информации од јавен карактер, туку за побарани документи кои произлегуваат од организацијата и трошоците на работењето на Министерството за внатрешни работи, односно за информации кои согласно член 10 алинеја 7 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер имателот на информации е должен да ја информира јавноста.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбите изјавени од М.Ј. од Скопје, поднесена против Министерството за внатрешни работи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 28 јуни 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбите бр. 08-286 од 08.06.2017 година и бр. 08-286 од 12.06.2017 година, изјавени од М.Ј. од Скопје, поднесени против Министерството за внатрешни работи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Фактури и фискални сметки за ресторански и угостителски услуги на министерот и останатите службени лица во Министерството за 2016 година“ СЕ УВАЖУВААТ и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за внатрешни работи на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
Решението на Министерството за внатрешни работи бр.16.1.2-828/1 од 05.06.2017 година СЕ ПОНИШТУВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ги разгледа Жалбите заведени во Комисијата под бр. 08-286 на 08.06.2017 година и бр. 08-286 на 12.06.2017 година, изјавени од М.Ј. од Скопје, поднесени против Министерството за внатрешни работи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ги УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за внатрешни работи на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
Решението на Министерството за внатрешни работи бр.16.1.2-828/1 од 05.06.2017 година го ПОНИШТИ.
По разгледувањето на Жалбите и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата под бр.08-286 на 08.06.2017 година, М.Ј. од Скопје, на 05.05.2017 година до Министерството за внатрешни работи поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.3-394/17-1, заведено во Министерството под бр.16-30810/1 на 08.05.2017 година, со кое побарала по пошта да и биде доставен препис, или фотокопија, од следната информација:
„Фактури и фискални сметки за ресторански и угостителски услуги на министерот и останатите службени лица во Министерството за 2016 година“.
Министерството за внатрешни работи, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-286 од 09.06.2017 година, ја препрати Жалбата до Министерството за внатрешни работи и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 12.06.2017 година, М.Ј. од Скопје до Комисијата поднесе нова жалба против Министерството за внатрешни работи, заведена во Комисијата под бр.08-286.
Како што се наведува во Жалбата, истата ја поднесува против Решение за одбивање на пристапот до бараната информација бр.03-394/17-3, заведено во Министерството за внатрешни работи под рег.бр.16.1.2-828/1 на 05.06.2017 година.
Во оспореното Решение се наведува дека „…Согласно член 6 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер…заради заштита на личните податоци на вработените во Министерството за внатрешни работи согласно законските регулативи, Одделот за финансиски прашања не е во можност да одговори и постапи по Вашето барање…Одделот за односи со јавност и стратешко планирање…го спроведе задолжителниот Тест на штетност утврдувајќи дека со давањето на бараната информација ќе настане значителна штета на вработените во Министерството за внатрешни работи“.
Комисијата, со допис бр.08-286 од 09.06.2017 година, ја препрати Жалбата до Министерството за внатрешни работи и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 19.06.2017 година, Министерството за внатрешни работи до Комисијата достави Одговор по жалба бр.16.1.2-30810/3 од 14.06.2017 година, заведен во Комисијата под бр.08-286. Во Одговорот е наведено дека Министерството за внатрешни работи останува на наводите во Решението бр.16.1.2-828/1 од 05.06.2017 година.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за внатрешни работи не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ја доставило бараната информација до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето.
Комисијата смета дека, бараната информација е информација од јавен карактер. Во случајов, не станува збор за исклучок од слободниот пристап до информации од јавен карактер, туку за побарани документи кои произлегуваат од организацијата и трошоците на работењето на Министерството за внатрешни работи, односно за информации кои согласно член 10 алинеја 7 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер имателот на информации е должен да ја информира јавноста.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од А.Д. од Скопје, поднесена против Министерството за здравство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 28 јуни 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од А.Д. од Скопје, поднесена против Министерството за здравство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Барање за добивање на одобрение за одгледување на коноп со целосна документација поднесено од правното лице “НЈСК“ од Скопје, Република Македонија“ СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за здравство на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-267 на 06.06.2017 година, изјавена од А.Д. од Скопје, поднесена против Министерството за здравство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за здравство на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, на 18.04.2017 година А.Д. од Скопје до Министерството за здравство по електронски пат поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер, со кое побарал по е-маил да му достават фотокопија или електронски запис од следната информација:
„Барање за добивање на одобрение за одгледување на коноп со целосна документација поднесено од правното лице “НЈСК“ од Скопје, Република Македонија.“
Министерството за здравство, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-267 од 06.06.2017 година, ја препрати Жалбата до Министерството за здравство и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за здравство не одговори на дописот на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за здравство не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ги доставило бараните информации до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето, а не одговори ниту на дописот од Комисијата.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од А.Д. од Скопје, поднесена против Министерството за здравство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 28 јуни 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од А.Д. од Скопје, поднесена против Министерството за здравство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Список на поднесени барање за добивање на одобрение за одгледување на коноп, заедно со основните податоци за секое барање одделно (назив на правното лице на барателот, седиште, седиште на локацијата на просторот/површината каде ќе се одгледува конопот)“ СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за здравство на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-268 на 06.06.2017 година, изјавена од А.Д. од Скопје, поднесена против Министерството за здравство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за здравство на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, А.Д. од Скопје на 18.04.2017 година до Министерството за здравство по електронски пат поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер, со кое побарало по е-маил да му достават фотокопија или електронски запис од следната информација:
„Список на поднесени барање за добивање на одобрение за одгледување на коноп, заедно со основните податоци за секое барање одделно (назив на правното лице на барателот, седиште, седиште на локацијата на просторот/површината каде ќе се одгледува конопот).“
Министерството за здравство, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-268 од 06.06.2017 година, ја препрати Жалбата до инистерството за здравство и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за здравство не одговори на дописот на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за здравство не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ги доставило бараните информации до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето, а не одговори ниту на дописот од Комисијата.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Б.С. од Скопје, поднесена против Општина Виница, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 28 јуни 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Б.С. од Скопје, поднесена против Општина Виница, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Ве молиме да ни испратите копии од документите (фактури, сметкопотврди…) по кои се книжени промените на сметката на репрезентацијата на вашата Општина за 2012, 2013, 2014, 2015 и 2016 година“ СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Општина Виница на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-260 на 26.05.2017 година, изјавена од Б.С. од Скопје, поднесена против Општина Виница, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и ја ЗАДОЛЖИ Општина Виница на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Б.С. од Скопје на 09.05.2017 година по е-маил поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Виница, со кое ја побарала следната информација:
„Ве молиме да ни испратите копии од документи (фактури, сметкопотврди…) по кои се книжени промените на сметката на репрезентацијата на вашата Општина за 2012, 2013, 2014, 2015 и 2016 година?“.
Општина Виница, како што е наведено во Жалбата, на 11.05.2017 година до Б.С. од Скопје по е-маил доставила Одговор на информации од јавен карактер бр.10-386/2 од 11.05.2017 година, во кој е доставен Одговор од Одделението за финансии, во кој е наведено дека „На конто 426210 – репрезентации, програма ЕО во основен буџет во Општина Виница се потрошени…“ определени вкупни износи на денари, за секоја година поединечно.
Незадоволна од наведениот Одговор на Општина Виница, Б.С. од Скопје поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-260 од 26.05.2017 година, ја препрати Жалбата до Општина Виница и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 07.06.2017 година, Општина Виница до Комисијата достави допис насловен Молба бр.10-416/2 од 06.06.2017 година, заведен во Комисијата под бр.08-260.
Во дописот Општина Виница наведува дека „…Одделението за финансии не е во можност за рок од седум дена да ја достави целокупната документација поради обемот на работата, бидејќи се во прашање пет години…Ве замолуваме да ни дадете повеќе време…“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Општина Виница не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ја доставила бараната информација до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето.
Што се однесува на наводите во дописот насловен Молба до Комисијата, Комисијата укажува на следното:
Согласно член 22 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, „ако на имателот на информацијата му е потребно подолго време од рокот утврден во членот 21 од овој Закон…или поради обемноста на бараниот документ, може да се продолжи рокот, но најмногу до 40 дена од денот на приемот на Барањето…за продолжувањето на рокот…имателот на информацијата е должен писмено да го извести барателот, најдоцна во рок од три дена пред истекот на рокот од членот 21 на овој Закон“.
Во конкретниот случај, Општина Виница постапила по Барањето во рокот наведен во член 21 од Законот, но до барателот доставила друга информација, а не информацијата наведена во Барањето: „… копии од документи (фактури, сметкопотврди…) по кои се книжени промените на сметката на репрезентацијата на вашата Општина за 2012, 2013, 2014, 2015 и 2016 година?“.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од М.Ј. од Скопје, поднесена против Министерството за финансии, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 28 јуни 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата бр. 08-276 од 08.06.2017 година, изјавена од М.Ј. од Скопје, поднесена против Министерството за финансии, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Фактури и фискални сметки за ресторански и угостителски услуги на министерот и останатите службени лица во Министерството за 2016 година“ СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за финансии на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-276 на 08.06.2017 година, изјавена од М.Ј. од Скопје, поднесена против Министерството за финансии, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за финансии на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата под бр.08-276 на 08.06.2017 година, М.Ј. од Скопје, на 05.05.2017 година до Министерството за финансии испратила Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.03-309/17, со кое побарала по пошта да и биде доставен препис, или фотокопија, од следната информација:
„Фактури и фискални сметки за ресторански и угостителски услуги на министерот и останатите службени лица во министерството за 2016 година“.
Барањето во Министерството е заведено под бр.03-2615/1 на 08.05.2017 година
Министерството за финансии, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-276 од 09.06.2017 година, ја препрати Жалбата до Министерството за финансии и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 16.06.2017 година, Министерството за финансии до Комисијата достави Одговор на жалба бр.03-2615/5 од 15.06.2017 година, заведен во Комисијата под бр.08-276.
Во Одговорот покрај останатото е наведено дека “…поради обемноста на податоците кои ги бара барателот во барањето, министерството сеуште постапува по истото и откако ќе бидат во целост обезбедени истите ќе ги достави до барателот, согласно со одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за финансии не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ја доставило бараната информација до барателот, во рокот и на начин и во форма наведени во Барањето.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.

Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Б.С. од Скопје, поднесена против Општина Охрид, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 28 јуни 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Б.С. од Скопје, поднесена против Општина Охрид, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Ве молиме да ни испратите копии од документите (фактури, сметкопотврди…) по кои се книжени промените на сметката на репрезентацијата на вашата Општина за 2012, 2013, 2014, 2015 и 2016 година“ СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Општина Охрид на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-287 на 09.06.2017 година, изјавена од Б.С. од Скопје, поднесена против Општина Охрид, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и ја ЗАДОЛЖИ Општина Охрид на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Б.С. од Скопје на 09.05.2017 година по е-маил поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Охрид, со кое ја побарала следната информација:
„Ве молиме да ни испратите копии од документи (фактури, сметкопотврди…) по кои се книжени промените на сметката на репрезентацијата на вашата Општина за 2012, 2013, 2014, 2015 и 2016 година?“.
Општина Охрид, како што е наведено во Жалбата, на 11.05.2017 година до Б.С. од Скопје по е-маил доставила Одговор на информации од јавен карактер во кој се наведува:“ ..поради обемноста на документите кои ги барате не сме во можност да ви ги испратиме, а доколку сакате можете да извршите увид во истите“.
На 07.06.2017 година Б.С. и А.Р. биле на увид во Општината, но истиот е прекинат, што е записнички констатирано од страна на службеното лице на Општината :“службеното лице на Општината се изјасни со одбивање на увидот посочен од градоначалникот поради неовластувања на службените лицас во моменталната ситуација на Општината“
Незадоволна од наведениот Одговор на Општина Охрид и дозволениот па потоа прекинатиот увид, Б.С. од Скопје поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-287 од 12.06.2017 година, ја препрати Жалбата до Општина Охрид и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Општина Охрид не одговори на Дописот на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Општина Охрид не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ја доставила бараната информација до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето, а не одговори ни на Дописот на Комисијата.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Б.С. од Скопје, поднесена против Општина Штип, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 28 јуни 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Б.С. од Скопје, поднесена против Општина Штип, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Ве молиме да ни испратите копии од документите (фактури, сметкопотврди…) по кои се книжени промените на сметката на репрезентацијата на вашата Општина за 2012, 2013, 2014, 2015 и 2016 година“ СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Општина Штип на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-270 на 07.06.2017 година, изјавена од Б.С. од Скопје, поднесена против Општина Штип предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и ја ЗАДОЛЖИ Општина Штип на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Б.С. од Скопје на 09.05.2017 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Штип, заведено во Општината под бр.12-3716/2, со кое ги побарала следните информации:
„Ве молиме да ни испратите копии од документите (фактури, сметкопотврди…) по кои се книжени промените на сметката на репрезентацијата на вашата Општина за 2012, 2013, 2014, 2015 и 2016 година“.
На 05.06.2017 година, Општина Штип до барателот по меил доставила Одговор на барање согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер заведен под бр. 12-3716/2 од 05.06.2017 година, во кој се наведува: „Согласно вашето барање бр. 12-3716/2, Ви доставувам одговор од надлежните служби во Општина Штип.
1.Потрошени средства за репрезентација на Општина Штип за 2012,2013,2014,2015 и 2016 година.“
Во прилог на одговорот доставен е табеларен преглед на потрошени средства за репрезентација на Опшина Штип.
Незадоволна од добиениот Одговор на барање, Б.С. од Скопје поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-270 од 07.06.2017 година, ја препрати Жалбата до Општина Штип и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 12.06.2017 година, Општина Штип до Комисијата по меил достави Одговор на жалба заведен во Комисијата под бр.08-270.
Во Одговорот на жалба Општина Штип е наведено:“ Во врска со поднесената Жалба од Б.С. Ве информираме дека од наша страна во законски предвидениот рок е доставен одговор до барателот и одговорот Ви го доставувам и Вам.“.
Во прилог на Одговорот на жалба до Комисијата е доставена истиот Одговор што е доставен и до барателот.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Општина Штип не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ја доставила бараната информација до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето.
Барателот со поднесеното Барање точно навел која информација ја барал „Ве молиме да ни испратите копии од документите (фактури, сметкопотврди…) по кои се книжени промените на сметката на репрезентацијата на вашата Општина за 2012, 2013, 2014, 2015 и 2016 година“, а имателот му доставил Табеларен преглед на потрошени средства за репрезентација на Општина Штип.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Б.С. од Скопје, поднесена против Општина Битола, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 28 јуни 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Б.С. од Скопје, поднесена против Општина Битола, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Ве молиме да ни испратите копии од документите (фактури, сметкопотврди…) по кои се книжени промените на сметката на репрезентацијата на вашата Општина за 2012, 2013, 2014, 2015 и 2016 година“ СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Општина Битола на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-265 на 31.05.2017 година, изјавена од Б.С. од Скопје, поднесена против Општина Битола, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и ја ЗАДОЛЖИ Општина Битола на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Б.С. од Скопје на 09.05.2017 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Битола, заведено во Општината под бр. 41-137/1, со кое ги побарала следните информации:
„Ве молиме да ни испратите копии од документите (фактури, сметкопотврди…) по кои се книжени промените на сметката на репрезентацијата на вашата Општина за 2012, 2013, 2014, 2015 и 2016 година“.
На 31.05.2017 година, Општина Битола до барателот по пошта доставила Одговор на барање заведен под број 41-137/5 од 29.05.2017 година, во кој се наведува: „Во врска со Вашето барање бр.41-137/1, Ви го испраќам одговорот од Раководитлот на сметководство на Општина Битола. “. Во Одговорот стои дека:“…Ве известувам дека внатрешните документи не се за јавен увид, односно не се од јавен карактер:“
Незадоволна од добиениот Одговор на барање, Б.С. од Скопје поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-265 од 01.06.2017 година, ја препрати Жалбата до Општина Битола и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Општина Битола не одговори на Дописот на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Општина Битола не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ја доставила бараната информација до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето, а не одговори ниту на Дописот на Комисијата.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од М.Ј. од Скопје, поднесена против Министерството за одбрана, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 28 јуни 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од М.Ј. од Скопје, поднесена против Министерството за одбрана, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Фактури и фискални сметки за ресторански и угостителски услуги на министерот и останатите службени лица во Министерството за 2016 година“ СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за одбрана на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-275 на 08.06.2017 година, изјавена од М.Ј. од Скопје, поднесена против Министерството за одбрана, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за одбрана на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, М.Ј. од Скопје, на 05.05.2017 година до Министерството за одбрана поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер заведено во Министерството на 08.05.2017 година, со кое побарала по пошта да и биде доставен препис или фотокопија од следната информација:
„ Фактури и фискални сметки за ресторански и угостителски услуги на министерот и останатите службени лица во Министерството за 2016 година“.
Министерството за одбрана, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-275 од 09.06.2017 година, ја препрати Жалбата до Министерството за транспорт и врски и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за одбрана не одговори на дописот на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за одбрана не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ги доставило бараните информации до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето, а не одговори ниту на дописот од Комисијата.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од М.Ј. од Скопје, поднесена против Министерството за здравство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 28 јуни 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од М.Ј. од Скопје, поднесена против Министерството за здравство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Фактури и фискални сметки за ресторански и угостителски услуги на министерот и останатите службени лица во Министерството за 2016 година“ СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за здравство на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-274 на 08.06.2017 година, изјавена од М.Ј. од Скопје, поднесена против Министерството за здравство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за здравство на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, М.Ј. од Скопје, на 05.05.2017 година до Министерството за здравство поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер заведено во Министерството на 08.05.2017 година, со кое побарала по пошта да и биде доставен препис или фотокопија од следната информација:
„Фактури и фискални сметки за ресторански и угостителски услуги на министерот и останатите службени лица во Министерството за 2016 година“.
Министерството за здравство, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-274 од 09.06.2017 година, ја препрати Жалбата до Министерството за здравство и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за здравство не одговори на дописот на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за здравство не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ги доставило бараните информации до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето, а не одговори ниту на дописот од Комисијата.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од М.Ј. од Скопје, поднесена против Министерството за транспорт и врски, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 28 јуни 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од М.Ј. од Скопје, поднесена против Министерството за транспорт и врски, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Фактури и фискални сметки за ресторански и угостителски услуги на министерот и останатите службени лица во Министерството за 2016 година“ СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за транспорт и врски на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-272 на 08.06.2017 година, изјавена од М.Ј. од Скопје, поднесена против Министерството за транспорт и врски, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за транспорт и врски на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, М.Ј. од Скопје, на 05.05.2017 година до Министерството за транспорт и врски поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер заведено во Министерството на 08.05.2017 година, со кое побарала по пошта да и биде доставен препис или фотокопија од следната информација:
„Фактури и фискални сметки за ресторански и угостителски услуги на министерот и останатите службени лица во Министерството за 2016 година“.
Министерството за транспорт и врски, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-272 од 09.06.2017 година, ја препрати Жалбата до Министерството за транспорт и врски и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за транспорт и врски не одговори на дописот на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за транспорт и врски не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ги доставило бараните информации до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето, а не одговори ниту на дописот од Комисијата.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Еколошкото здружение на граѓани „Фронт 21/42“ Скопје, поднесена против АД Електрани на Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 28 јуни 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Еколошкото здружение на граѓани „Фронт 21/42“ Скопје, поднесена против АД Електрани на Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Физибилити студијата за модернизација на ТЕЦ Осломеј која е изготвена согласно заклучоците на Влада од 24.03.2015 година, кое како информација е истакнато во вашиот одговор на жалба бр.03-2229/1“, СЕ УВАЖУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-266 на 06.06.2017 година, изјавена од Еколошкото здружение на граѓани „Фронт 21/42“ Скопје, поднесена против АД Електрани на Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Еколошкото здружение на граѓани „Фронт 21/42“ Скопје на 24.04.2017 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до АД Електрани на Македонија, со кое побарало да достават печатена или електронска форма од следната информација:
„Физибилити студијата за модернизација на ТЕЦ Осломеј која е изготвена согласно заклучоците на Влада од 24.03.2015 година, кое како информација е истакнато во вашиот одговор на жалба бр.03-2229/1“.
АД Електрани на Македонија на 25.05.2017 година до барателот доставило Одговор бр.02-3001/1 од 22.05.2017 година, заведен во Еколошкото здружение на граѓани „Фронт 21/42“ Скопје под бр.03/2017/1-38.
Незадоволно од наведениот Одговор, Еколошкото здружение на граѓани „Фронт 21/42“ Скопје до Комисијата достави Жалба.
Комисијата, со допис бр.08-266 од 06.06.2017 година, ја препрати Жалбата до АД Електрани на Македонија и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 19.06.2017 година АД Електрани на Македонија до Комисијата достави Произнесување по жалба и достава на документација бр.03-3633/1 од 15.06.2017 година, заведено во Комисијата под бр.08-266. Во Произнесување е наведено: „…Имајќи во предвид фактот што согласно чл.12 од Договорот за Консултански услуги за изработка на Физибилити студијата како и сите документи и технички информации во врска со студијата се третираат како деловна тајна и истите не смеат да се издаваат на трети лица и по истекот на рок од 2 години од реализација на истиот, а бидејќи Физибилити студијата е само прва фаза од овој договор и е изработена кон крајот на 2016 година, договорот сеуште не е реализиран, што значи дека овие списи сеуште се деловна тајна и како такви неможат од страна на АД ЕЛЕКТРАНИ НА МАКЕДОНИЈА во државна сопственост Скопје да се доставуваат…“. Во прилог на Произнесување, АД Електрани на Македонија до Комисијата ја достави Студијата за оценка и влијанието на проектот „Модернизација на ТЕЦ Осломеј“ врз животната средина во електронска форма.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата утврди дека АД Електрани на Македонија не постапило согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Во конкретниот случај, АД Електрани на Македонија во Произнесување по жалба наведува дека: „…Физибилити студијата како и сите документи и технички информации во врска со студијата се третираат како деловна тајна и истите не смеат да се издаваат на трети лица и по истекот на рок од 2 години од реализација на истиот…“
Во врска со наведеното, Комисијата укажува на следното:
Согласно член 20 точка 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер “Ако имателот на информацијата барањето делумно или целосно го одбие, за тоа ќе донесе решение“.
Доколку АД Електрани на Македонија сметало дека бараните информации од Барањето претставуваат исклучоци наведени во член 6 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер требало да донесе Решение за одбивање на пристапот до бараната информација, со спроведен тест на штетност, што согласно член 6 став 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е задолжителна постапка која ја спроведува имателот, со која ги проверува последиците врз интересот кој се заштитува, односно јавниот интерес што би се постигнал со објавувањето на информацијата. Спроведениот тест на штетност се наведува во образложението на Решението за одбивање на пристапот до бараната информација. Во овој случај доколку АД Електрани на Македонија го одбие пристапот до бараната информација затоа што истата е класифицирана со одреден степен на класификација, до Комисијата како доказ да ја достави и првата страница од информацијата од која Комисијата ќе може да утврди дека се работи за класифицирана информација.
При повторното постапување по предметот, АД Електрани на Македонија е должно да постапи согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и укажувањата на Комисијата.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбaтa изјавенa од З.Н. и З.Н. од Скопје, поднесенапротив Решението на Општина Кисела вода, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 28 јуни 2017, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од З.Н. и З.Н. од Скопје, поднесена против Решението на Општина Кисела вода, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Увид во ИП1 Бр.08-1257 од 15/12/2015 и сите релевантни документи во однос на потпорниот ѕид кој општината дозволи да се изгради незаконски“ СЕ ОДБИВА.
Решението на Општина Кисела Вода бр.08-2681/3 од 02.05.2017 година СЕ ПОТВРДУВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ги разгледа Жалбата заведена во Комисијата бр.08-257 од 25.05.2017 година, изјавена од З.Н. и З.Н. од Скопје, поднесена против Решението на Општина Кисела вода, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактерја ОДБИ како неоснована и утврди дека Решението на првостепениот орган е правилно и врз закон засновано.
Како што се наведува во Жалбата, З.Н. и З.Н. од Скопје на 29.03.2017 година поднеле Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.08-2681/1 до Општина Кисела Вода, со кое ја побарале следната информација:
„Увид во ИП1 Бр.08-1257 од 15/12/2015 и сите релевантни документи во однос на потпорниот ѕид кој општината дозволи да се изгради незаконски“.
Општина Кисела Вода, како што е наведено во Жалбата, на 02.05.2017 година до З.Н. и З.Н. од Скопје доставила Решение за одбивање на Барањето за пристап до информации од јавен карактер бр.2681/3.
Незадоволни од Решението на Општина Кисела Вода, З.Н. и З.Н. од Скопје поднесоа Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-257 од 25.05.2017 година, ја препрати Жалбата до Општина Кисела Вода и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 12.06.2017 година Општина Кисела Вода до Комисијата достави допис насловен „Достава на списи по жалба на одлучување“ бр.08-2681/4, заведен во Комисијата под бр.08-257. Во прилог на наведениот допис до Комисијата го достави Решениетобр.08-2681/3 од 02.05.2017 година со кое го одбила пристапот до бараната информација и сите списи во врска со предметот.Во Решението е наведено:„…Органот при одлучување го зеде во предвид и фактот дека бараните документи наведени во поднесеното барање за пристап до информации од јавен карактер под наведениот број, се составен дел од управната постапка која се води во Секторот за инспекциски работи на Општина Кисела Вода по донесените управни акти Решение уп.бр.22-Ип1-110/2 од 20.05.2015 година и Заклучок за дозвола за извршување уп.бр.22-ИП1-110/3 од 30.05.2015 година од страна на овластениот градежен инпектор и истата постапка е во тек односно сеуште не е завршена. Органот по спроведената постапка тест на штетност констатира дека…доколку бараните документи им се дадат ќе настане значителна штета за целата постапка, за органот кој ја води постапката како и за странките во постапката…“.
Во прилог на наведениот допис до Комисијата е доставен и спроведениот тест на штетност бр.08-2681/2 од 28.04.2017 година.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Општина Кисела Вода постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и донело правилно и врз закон засновано Решение, со кое го одбило пристапот до бараната информација, повикувајќи се на исклучокот од слободниот пристап до информации наведен во член 6 став 1 точка 5 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, притоа спроведувајќи го задолжителниот Тест на штетност наведен во член 6 став 3 од истиот Закон.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од П.Б. од Скопје, поднесена против Решението на Владата на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 28 јуни 2017 година, го донесе следниот

З А К Л У Ч О К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од П.Б. од Скопје, поднесена против Решението на Владата на Република Македонија бр.49-2053/2 од 19.05.2017 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„… Извадок од нацрт-записникот од Сто триесет и седмата седница на Владата на Република Македонија, одржана на 02.02.2010 година“, поради тоа што барателот ја добил бараната информација.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-261 на 29.05.2017 година, изјавена од П.Б. од Скопје, поднесена против Решението на Владата на Република Македонија бр.49-2053/2 од 19.05.2017 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, П.Б. од Скопје на 28.03.2017 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Карпош, со кое побарал пет документи „..врз основа на кои Општината го издала Одобрението за градење УП бр.35-1106 од 21.02.2011 г. Еден од тие документи е и „извадок од Нацрт-записникот од стотриесетиседмата седница на Владата на РМ, одржана на 02.02.2010 год“.“.
Општина Карпош, со допис бр.12-2494/6 од 04.05.2017 година Барањето, во делот: „… Извадок од нацрт-записникот од Сто триесет и седмата седница на Владата на Република Македонија, одржана на 02.02.2010 година“, го препратила во надлежност на Владата на Република Македонија и за тоа барателот го известила со Одговор на барање бр.12-2494/7 од 05.05.2017 година.
Постапувајќи по препратеното Барање за пристап до информации од јавен карактер, Владата на Република Македонија донела Решение бр.49-2053/2 од 19.05.2017 година, со кое го одбила пристапот до бараната информација.
Незадоволен од добиеното Решение, П.Б. од Скопје поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-261 од 29.05.2017 година, ја препрати Жалбата до Владата на Република Македонија и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 13.06.2017 година, Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија до Комисијата достави електронски допис во кој е наведено: „…изготвивме Одговор до барателот бр.49-2053/5 од 12.06.2017, кој го доставуваме во прилог на овој е-маил…Прилог: Извадок од Нацрт записникот од Сто триесет и седмата седница на Владата на Република Mакедонија, одржана на 2.02.2017 г.“. Во прилог на електронскиот допис до Комисијата е доставена фотокопија од наведениот Одговор на барање бр.49-2053/5 од 12.06.2017 година.
На 20.06.2017 година П.Б. од Скопје, по е-маил ја извести Комисијата дека „…вчера (19.06.2017) го добив дописот бр.49-2053/5 од 12.06.2017 г. со кој Владата ми доставува копија од документот што ме интересира. Сметам дека…овој мој предмет во КЗСПИЈК може да се затвори“.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Владата на Република Македонија постапила по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот ја добил бараната информација.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Б.С. од Скопје, поднесена против Општина Центар Жупа, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 28 јуни 2017 година, го донесе следниот

З А К Л У Ч О К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Б.С. од Скопје, поднесена против Општина Центар Жупа по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Ве молиме да ни испратите копии од документите (фактури, сметкопотврди…) по кои се книжени промените на сметката на репрезентацијата на вашата општина за 2012, 2013, 2014, 2015 и 2016 година“, поради тоа што барателот добил одговор на Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-269 на 06.06.2017 година, изјавена од Б.С. од Скопје, поднесена против Општина Центар Жупа, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Б.С. од Скопје на 09.05.2017 година по е-маил поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Центар Жупа, со кое ги побарала следните информации:
„Ве молиме да ни испратите копии од документите (фактури, сметкопотврди…) по кои се книжени промените на сметката на репрезентацијата на вашата општина за 2012, 2013, 2014, 2015 и 2016 година“.
На 05.06.2017 година, Општина Центар Жупа до барателот испратила е-маил, со кој ја известуваат дека не се во можност засега да одговорат на Барањето со потпис и печат, „..поради ситуацијата во која се наоѓаат општините, градоначалникот нема право на потпис“. Потоа наведуваат дека „Барањето се однесува за репрезентација на општината и тоа по години и копии од документите, што е обемен материјал и не е можно да се испрати таков материјал…ако сакате може да дојдете во општинава и ќе ви овозможиме увид во таквиот материјал“..
Незадоволна од добиениот Одговор, Б.С. од Скопје поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-269 од 06.06.2017 година, ја препрати Жалбата до Општина Центар Жупа и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 19.06.2017 година Општина Центар Жупа до Комисијата достави Известување бр.03-285/2 од 13.06.2017 година, а во Комисијата заведено под бр.08-269.
Во Известувањето е наведено дека Општина Центар Жупа „…одговори во целост на Барањето…“.
На 19.06.2017 година Б.С. од Скопје, по е-маил ја извести Комисијата дека од Општина Центар Жупа добила одговор по бараната информација.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Општина Центар Жупа постапила по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од З.Ј. од Скопје, поднесена против Средното училиште на Град Скопје “Марија Кири – Склодовска“, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 28 јуни 2017 година, го донесе следниот

З А К Л У Ч О К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од З.Ј. од Скопје, поднесена против Средното училиште на Град Скопје “Марија Кири – Складовска“, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Статут на СУГС “Марија Склодовска“, поради тоа што барателот ја добил бараната информација.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-271 на 08.06.2017 година, изјавена од З.Ј. од Скопје, поднесена против Средното училиште на Град Скопје “Марија Кири – Склодовска“, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, З.Ј.и од Скопје, истата ја поднесува против Одговор на СУГС “Марија Кири – Склодовска“, бр.03-366/2 од 26.05.2017 год. каде барал Статут од училиштето, а не како што му биле во прилог доставени бланко бели листови за печатење.
Комисијата, со допис бр.08-271 од 09.06.2017 година, ја препрати Жалбата до СУГС “Марија Кири – Склодовска“ и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 19.06.2017 година СУГС “Марија Кири – Склодовска“, достави произнесување по Жалба и во прилог на произнесувањето ги достави списите во врска со предметот и фотокопија од бараната информација (Статутот на училиштето).
Во произнесувањето по Жалбата СУГС “Марија Кири – Склодовска“ покрај другото наведува дека “наводите во поднесената жалба се неточни и неосновани во целост од причина што преку Одговор на Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер со дел.бр.03-366/2 од 26.05.2017 година во рокот на лицето му е доставена бараната информација од јавен карактер. Наводите дека му биле доставени бланко бели листови за печатење се неосновани и неточни во целост“.
Постапувајќи согласно начелото на економичност и ефикасност на постапката регулирано во член 7 од Законот за општата управна постапка (“Службен весник на РМ“ бр.124/2015), според кое постапката треба да се спроведе на наједноставен начин, без одлагање и со што помалку трошоци за странките, а сепак да се обезбеди целосно почитување на правата и правните интереси на странките и потполно утврдување на фактичката состојба, службеното лице за посредување со информации од јавен карактер од Комисијата го повика барателот да дојде во Комисијата и му ја даде бараната информација.
На 19.06.2017 година, барателот до Комисијата достави допис Благодарност бидејќи ја добил бараната информација, заведен во Комисијата под бр.08-271.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од М.Ј. од Скопје, поднесена против Претседател на Република Македонија-Кабинет на Претседателот, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 28 јуни 2017 година, го донесе следниот

З А К Л У Ч О К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од М.Ј. од Скопје, поднесена против Претседател на Република Македонија-Кабинет на Претседателот по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Број на вработени лица во Кабинетот на претседателот, нивните работни позиции и сума на нивните примања“, поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-289 на 16.06.2017 година, изјавена од М.Ј. од Скопје, поднесена против Претседател на Република Македонија-Кабинет на Претседателот, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, М.Ј. од Скопје, на 15.05.2017 година до Претседател на Република Македонија-Кабинет на Претседателот поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер со препорачана пратка RB023101529MK, со кое побарала по пошта да и биде доставена следната информација:
„ Листа на негови советници“.
Претседател на Република Македонија-Кабинет на Претседателот, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-289 од 19.06.2017 година, ја препрати Жалбата до Претседател на Република Македонија-Кабинет на Претседателот и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 22.06.2017 година М.Ј. од Скопје, по е-маил ја извести Комисијата дека ја повлекува Жалбата бр.08-289 изјавена против Претседател на Република Македонија-Кабинет на Претседателот “бидејќи во меѓувреме добив одговор на барањето.“
Во комуникација со службеното лице што постапува по предметот, М.Ј. ја извести Комисијата дека барањето наведено во жалбата се однесува за иста информација наведена во барањето доставено до Претседател на Република Македонија-Кабинет на Претседателот.
На 27.06.2017 година Претседател на Република Македонија-Кабинет на Претседателот до Комисијата достави Одговор на Жалба заведен под бр.08-526/4 од 27.06.2017 година а во Комисијата под бр.08-289.
Во Одговорот е наведено:“Имено, своето барање за пристап до информации од јавен карактер, жалителот го испратил преку поштаи истото е заведено во архивата на Кабинетот на претседателот на 18.05.2017 година, под бр. 08-526/1. Жалителот во предметното барање навел дека бара информација од јавен карактер “Број на вработени лица во Кабинетот на претседателот, нивните работни позиции и сума на нивните примања.“
Кабинетот на претседателот на Република Македонија, согласно член 21 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016 карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016) постапи по барањето и во законски предвидениот рок со акт бр. 08-526/2 од 13.06.2017 година, одговори на барањето и ги достави бараните информации до подносителот на барањето.“
Во прилог на Одговорот на Жалба ги достави сите списи во врска со предметот, но не достави доказ, доставница од пошта кога барателот ги примил бараните информации.
Врз основа на наведеното, Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од М.Ј. од Скопје, поднесена против Министерството за култура, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 28 јуни 2017 година, го донесе следниот

З А К Л У Ч О К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од М.Ј. од Скопје, поднесена против Министерството за култура, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Фактури и фискални сметки за ресторански и угостителски услуги на министерот и останатите службени лица во Министерството за 2016 година“, поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-279 на 08.06.2017 година, изјавена од М.Ј. од Скопје, поднесена против Министерството за култура, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, М.Ј. од Скопје, на 05.05.2017 година до Министерството за култура поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер, заведено во Министерството на 08.05.2017 година, со кое побарала по пошта да и биде доставен препис, или фотокопија, од следната информација:
„Фактури и фискални сметки за ресторански и угостителски услуги на министерот и останатите службени лица во Министерството за 2016 година“.
Министерството за култура, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-279 од 09.06.2017 година, ја препрати Жалбата до Министерството за култура и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 22.06.2017 година М.Ј. од Скопје, по е-маил ја извести Комисијата дека ја повлекува Жалбата изјавена против Министерството за култура бидејќи добила одговор по бараната информација.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Министерството за култура постапило по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Б.С. од Скопје, поднесена против Општина Македонски Брод, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 28 јуни 2017 година, го донесе следниот

З А К Л У Ч О К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Б.С. од Скопје, поднесена против Општина Македонски Брод, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„1. Колку литри гориво има потрошено Вашата општина за службените возила на годишно ниво за следниве години: 2012, 2013, 2014, 2015 и 2016 година?
2. Кој тип на гориво користи Вашата општина за службените возила?
3. Преку која компанија се снабдува со гориво Вашата општина?
4. На кој начин се склучени договорите со компаниите преку кои Вашата општина се снабдува со гориво (тендер или непосредна спогодба) и колку изнесува вредноста на склучените договори за секоја година посебно: 2012, 2013, 2014, 2015 и 2016 година?
5. Со кои фирми Вашата општина има склучено договор за сервис на одржување и поправка на возилата и која е вредноста на договорите за секоја година посебно; 2012, 2013, 2014, 2015 и 2016 година? “, поради тоа што барателот добил одговор на Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-262 на 29.05.2017 година, изјавена од Б.С. од Скопје, поднесена против Општина Македонски Брод, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Б.С. од Скопје на 05.04.2017 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Македонски Брод, со кое ги побарала следните информации:
„1. Колку литри гориво има потрошено Вашата општина за службените возила на годишно ниво за следниве години: 2012, 2013, 2014, 2015 и 2016 година?
2. Кој тип на гориво користи Вашата општина за службените возила?
3. Преку која компанија се снабдува со гориво Вашата општина?
4. На кој начин се склучени договорите со компаниите преку кои Вашата општина се снабдува со гориво (тендер или непосредна спогодба) и колку изнесува вредноста на склучените договори за секоја година посебно: 2012, 2013, 2014, 2015 и 2016 година?
5. Со кои фирми Вашата општина има склучено договор за сервис на одржување и поправка на возилата и која е вредноста на договорите за секоја година посебно; 2012, 2013, 2014, 2015 и 2016 година? “
На 02.05.2017 година, Општина Македонски Брод до барателот доставила Решение бр.15-327/2 од 02.05.2017 година, со кое го одбила пристапот до бараните информации.
Незадоволна од наведеното Решение, на 12.05.2017 година, Б.С. повторно испратила е-маил до Општината со кој побарала во најкус можен рок да и се одговори на нејзиното Барање за пристап до информации од јавен карактер.
На 22.05.2017 година и 23.05.2017 Општината Македонски Брод испратила два е-маила до Б.С. со кој ја известуваат дека во тек е кривична постапка за податоците кои ги бара и дека истите се земени во полиција, но штом ќе ги добијат назад, ќе и ги достават.
Незадоволна од добиениот Одговор, Б.С. од Скопје поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-262 од 30.05.2017 година, ја препрати Жалбата до Општина Македонски Брод и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 05.06.2017 година Општина Македонски Брод, по е-маил до Комисијата достави Одговор по жалба бр.327/6, а во Комисијата заведен под бр.08-262. На 09.06.2017 година, истиот допис до Комисијата беше доставен по пошта.
На 19.06.2017 година Б.С. од Скопје, по е-маил ја извести Комисијата дека од Општина Македонски Брод добила одговор по бараната информација. Добиениот Одговор како што наведува во Дописот е во согласност со нејзиното Барање.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Општина Македонски Брод постапила по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Б.С. од Скопје, поднесена против Општина Демир Хисар, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 28 јуни 2017 година, го донесе следниот

З А К Л У Ч О К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Б.С. од Скопје, поднесена против Општина Демир Хисар, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Ве молиме да ни испратите копии од документите (фактури, сметкопотврди…) по кои се книжени промените на сметката на репрезентацијата на вашата Општина за 2012, 2013, 2014, 2015 и 2016 година“, поради тоа што барателот добил одговор на Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-263 на 29.05.2017 година, изјавена од Б.С. од Скопје, поднесена против Општина Демир Хисар, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Б.С. од Скопје на 09.05.2017 година по е-маил поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Демир Хисар, со кое ги побарала следните информации:
„Ве молиме да ни испратите копии од документите (фактури, сметкопотврди…) по кои се книжени промените на сметката на репрезентацијата на вашата Општина за 2012, 2013, 2014, 2015 и 2016 година“.
На 23.05.2017 година, Општина Демир Хисар до барателот испратила е-маил, со кој ја известуваат дека не се во можност засега да одговорат на Барањето, додека не се одреди кој ќе биде потписник на документите од страна на Општината. По нормализирање на состојбите, се надеваат дека ќе можат да излезат во пресрет.
Незадоволна од добиениот Одговор, Б.С. од Скопје поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-263 од 30.05.2017 година, ја препрати Жалбата до Општина Демир Хисар и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 06.06.2017 година Општина Демир Хисар, по е-маил до Комисијата достави Произнесување по жалба бр.09-379/4 од 05.06.2017 година, а во Комисијата заведено под бр.08-263.
На 14.06.2017 година Општина Демир Хисар, по е-маил ја извести Комисијата дека на ден 13.06.2017 година до барателот е предадена комплетна документација во врска со Жалба бр.08-263.
На 19.06.2017 година Б.С. од Скопје, по е-маил ја извести Комисијата дека од Општина Демир Хисар добила Одговор кој е во согласност со нејзиното Барање т.е. надлежните од општините ги испратиле фактурите и сметкопотврдите во период од 2012 до 2016 година.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Општина Демир Хисар постапила по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од М.Ј. од Скопје, поднесена против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 28 јуни 2017 година, го донесе следниот

З А К Л У Ч О К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од М.Ј. од Скопје, поднесена против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Фактури и фискални сметки за ресторански и угостителски услуги на министерот и останатите службени лица во Министерството за 2016 година“, поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-281 на 08.06.2017 година, изјавена од М.Ј. од Скопје, поднесена против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, М.Ј. од Скопје, на 05.05.2017 година до Министерството за труд и социјална политика поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.3-398/17-1, заведено во Министерството на 08.05.2017 година, со кое побарала по пошта да и биде доставен препис, или фотокопија, од следната информација:
„Фактури и фискални сметки за ресторански и угостителски услуги на министерот и останатите службени лица во Министерството за 2016 година“.
Министерството за труд и социјална политика, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-281 од 09.06.2017 година, ја препрати Жалбата до Министерството за труд и социјална политика и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 16.06.2017 година М.Ј. од Скопје, по е-маил ја извести Комисијата дека ја повлекува Жалбата изјавена против Министерството за труд и социјална политика бидејќи добила одговор по бараната информација.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Министерството за труд и социјална политика постапило по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.