ДОНЕСЕНИ 5 РЕШЕНИЈА

 

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на 172-та седница, одржана на 10 мај 2017 година, донесе 5 решенија.

 

* * * * *

 

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од П.Б. од Скопје, поднесена против Општина Сопиште, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 10 мај 2017 година, го донесе следното

 

Р Е Ш Е Н И Е

 

Жалбата изјавена од П.Б. од Скопје, поднесена против Општина Сопиште, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

„Во врска со Урбанистичкиот план за село Сопиште, со разработка на Блок 1 – Општина Сопиште, ве молам да ми доставите по 1 фото-копија од следниве 4 документи:

  • Решение за услови за планирање на просторот, издадено од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање;
  • Решение за спроведување на стратегиска оцена, издадено од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање;
  • Мислење по извештај за стратегиска оцена за животна средина (СОВЖС), издадено од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање;
  • Решение за согласност за изградба, издадено од Министерството за транспорт и врски“, СЕ УВАЖУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.

 

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

 

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена  во Комисијата под број  08-211 на 21.04.2017 година, изјавена од П.Б. од Скопје, поднесена против Општина Сопиште, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.    

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:

Како што се наведува во Жалбата, П.Б. од Скопје на 17.03.2017 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Сопиште, со кое ги побарал следните информации:

„Во врска со Урбанистичкиот план за село Сопиште, со разработка на Блок 1 – Општина Сопиште, ве молам да ми доставите по 1 фото-копија од следниве 4 документи:

  • Решение за услови за планирање на просторот, издадено од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање;
  • Решение за спроведување на стратегиска оцена, издадено од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање;
  • Мислење по извештај за стратегиска оцена за животна средина (СОВЖС), издадено од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање;
  • Решение за согласност за изградба, издадено од Министерството за транспорт и врски“.

Општина Сопиште, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.

Комисијата, со допис бр.08-211 од 24.04.2017 година, ја препрати Жалбата до Општина Сопиште и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.

На 05.05.2017 година Општина Сопшиште до Комисијата достави Одговор на жалба бр.08-1179/4 од 02.05.2017 година, заведено во Комисијата под бр.08-211.  Во Одговорот на жалба е наведено: „Ве известуваме дека документите за кои е поднесено Барањето за слободен пристап за информации од јавен карактер не се носат од страна на Општина Сопиште, односно…Општина Сопиште согласно законските прописи … не е надлежна за издавање на горенаведените документи“, со образложение дека истите ги составува и издава Министерството за животна средина и просторно планирање.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата утврди дека Општина Сопиште не постапила согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Општина Сопиште била должна да постапи согласно член 20 и член 21 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и на барателот на информации да му обезбеди целосен пристап до бараните информации, на начин и во форма наведени во Барањето за пристап до информации од јавен карактер.

Согласно член 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „информација од јавен карактер е информација во која било форма што ја создал или со која располага имателот на информацијата согласно неговите надлежности“.

Во конкретниот случај, од списите по предметот, Комисијата не може да утврди дали Општина Сопиште располага со сите барани информации.

Доколку Општина Сопиште не располага со дел од бараните информации, а знае кој друг имател на информации создал, или располага со такви информации, должна била да постапи согласно член 18 од погоренаведениот Закон и веднаш, а најдоцна во рок од три дена од денот на приемот на Барањето, да го препрати Барањето до имателот на информации кој според содржината на Барањето е имател на информацијата и за тоа да го извести барателот.

При повторното постапување по предметот, Општина Сопиште е должна да постапи согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и укажувањата на Комисијата.

Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.

Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

 

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

 

 

* * * * *

 

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Друштво за консалтинг, трговија и услуги – ТРИАНГЛ ЗИН ДОО Скопје, поднесена против Општина Аеродром, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 109 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 10 мај 2017 година, го донесе следното

 

Р Е Ш Е Н И Е

 

Жалбата изјавена од Друштво за консалтинг, трговија и услуги – ТРИАНГЛ ЗИН ДОО Скопје, поднесена против Општина Аеродром, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ ОТФРЛА.

 

 

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

 

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, врз основа на член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата бр.08-237 од 05.05.2017 година, изјавена од Друштво за консалтинг, трговија и услуги – ТРИАНГЛ ЗИН ДОО Скопје, поднесена против Општина Аеродром, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и  ЈА ОТФРЛИ како предвремена.

Комисијата ја разгледа Жалбата и го констатира следното:

Како што се наведува во Жалбата, Друштво за консалтинг, трговија и услуги – ТРИАНГЛ ЗИН ДОО Скопје на 11.04.2017 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Аеродром, со кое побарал да му се достави фотокопија од следната информација:

„Главен проект на зграда на ул. Февруарски поход бр.6, инвеститор Новоградба ДООЕЛ-Ск заведен под бр 03-2682/1“.

Општина Аеродром, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.

По разгледување на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата утврди дека Барањето за пристап до информации од јавен карактер од Друштво за консалтинг, трговија и услуги – ТРИАНГЛ ЗИН ДОО Скопје е поднесено на 11.04.2017 година, а Жалбата на 05.05.2017 година.

Согласно член 21 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имателот на информацијата е должен веднаш да одговори на барањето на барателот, а најдоцна во рок од 30 дена од денот на приемот на Барањето.

Во конкретниот случај, Жалбата по Барањето е поднесена пред истекот на законскиот рок за постапување по Барањето, односно Жалбата е предвремена.

Поради погоре изложеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.

Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

 

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

 

 

* * * * *

 

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбите изјавени од З.Л. од Скопје, поднесени против Министерството за внатрешни работи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 10 мај 2017 година, го донесе следното

 

Р Е Ш Е Н И Е

 

Жалбите изјавени од З.Л. од Скопје, поднесени против Министерството за внатрешни работи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

„2013,2014,2015 и 2016 за колку вработени во МВР се изготвени Решенија за пензија како овластени вработени, а не работеле со овластување и не полагале за овластување?“ СЕ ОДБИВААТ.

Заклучокот на Министерството за внатрешни работи рег.бр.16.1.2-557/1 од 13.04.2017 година СЕ ПОТВРДУВА.

 

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

 

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ги разгледа Жалбите заведени во Комисијата бр. 08-189 од 30.03.2017 година и бр.08-189 од 04.04.2017 година, изјавени од З.Л. од Скопје, поднесени против Министерството за внатрешни работи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ги ОДБИ како неосновани и утврди дека Заклучокот на првостепениот орган е правилен и врз закон заснован.

Како што се наведува во Жалбата заведена во Комисијата на 30.03.2017 година, З.Л. од Скопје до Министерството за внатрешни работи на 28.02.2017 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер, заведено во Министерството под бр.08-12953/1 и бр.22-12954/1 на 28.02.2017 година, со кое побарала по пошта да и се достави архивиран одговор со Решение за следната информација:

„2013, 2014, 2015 и 2016 за колку вработени во МВР се изготвени Решенија за пензија како овластени вработени, а не работеле со овластување и не полагале за овластување?“.

Министерството за внатрешни работи, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.

Комисијата, со допис бр.08-189 од 31.03.2017 година, ја препрати Жалбата до Министерството за внатрешни работи и побара  во рок од 7 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.

З.Л. од Скопје на 04.04.2017 година поднесе Жалба до Комисијата, заведена под бр.08-189, поради добиен несоодветен одговор заведен во Министерството за внатрешни работи под рег.бр.133-20040/1 од 23.03.2017 година. Во прилог на Жалбата достави фотокопија од Одговор по информација од јавен карактер рег.бр.133-20040/1 од 23.03.2017 година и фотокопија од Барање за пристап до информации од јавен карактер, заведено во Министерството под бр.08-12953/1 и бр.22-12954/1 на 28.02.2017 година.

Комисијата, со допис бр.08-189 од 05.04.2017 година, ја препрати Жалбата до Министерството за внатрешни работи и побара  во рок од 7 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.

На 19.04.2017 година, Министерството за внатрешни работи до Комисијата достави допис насловен „Достава на списи во врска со Жалби“ бр.16.1.2-545/1 од 12.04.2017 година, заведен во Комисијата под бр.08-189.  Во дописот е наведено: “…Ве известуваме дека на барателот З.Л. која барањето го доставила на 28.02.2017 година и беше одговорено во законски предвидениот рок со акт со регистарски број 13.3-20040/1 на 23.03.2017 година…Министерството не располага со Решенија во кои се пензионирало овластено службено лице, а истото да не ги извршувало работите од работното место од кое го црпи и статусот на овластено службено лице. Во постапка на пензионирање, изготвување на решение битно е за работодавачот да се исполнети законските услови кои ги предвидува одредбата согласно која се пензионира работникот, при што во исполнет законски услов за пензионирање согласно позитивните законски одредби не се навлегува и не е пропишано како услов за пензионирање дали работникот полагал за овластување…“.

На 19.04.2017 година, Министерството за внатрешни работи до Комисијата  достави и Заклучок за прекинување на постапката рег.бр.16.1.2-556/1 од 12.04.2017 година со кој ја прекинува постапката по Барањето, согласно член 26 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, бидејќи Министерството не располага со бараната информација.

На 24.04.2017 година, Министерството за внатрешни работи до Комисијата по е-маил повторно го достави Заклучокот за прекинување на постапката со рег.бр.16.1.2-557/1 од 13.04.2017 година насловен до З.Л., како и повратницата за Заклучокот за прекинување на постапката, од која е видно дека З.Л. Заклучокот го примила на 20.04.2017 година.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за внатрешни работи постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и донело правилен и врз закон заснован Заклучок, со кој ја прекинало постапката по Барањето, повикувајќи се на член 26 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Против наведениот Заклучок, барателот не поднесе Жалба до Комисијата.

Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.

Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

 

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

 

 

* * * * *

 

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Еколошкото здружение на граѓани „Фронт 21/42“ Скопје, поднесена против Решението на Општина Ресен, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 10 мај 2017 година, го донесе следното

 

Р Е Ш Е Н И Е

 

Жалбата изјавена од Еколошкото здружение на граѓани „Фронт 21/42“ Скопје, поднесена против Решението на Општина Ресен, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

„- Копија (електронска/печатена) од Елаборат за заштита на животната средина за МХЕ „Брајчино 1“ и „МХЕЦ 376 Брајчино 2“,

Копија од решението за одобрување на Елаборат за заштита на животната средина за МХЕ „Брајчино 1“ и „МХЕЦ 376 Брајчино 2“, СЕ УВАЖУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.

Решението на Општина Ресен бр.уп 1-10-8 од 12.04.2017 година СЕ ПОНИШТУВА.

 

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

 

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена  во Комисијата под број  08-210 на 21.04.2017 година, изјавена од Еколошкото здружение на граѓани „Фронт 21/42“ Скопје, поднесена против Решението на Општина Ресен, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.

Решението на Општина Ресен бр.уп 1-10-8 од 12.04.2017 година го поништи. 

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:

Како што се наведува во Жалбата, Еколошкото здружение на граѓани “Фронт 21/42“ Скопје, на 13.03.2017 година  поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер насловено до градоначалник Ѓ.С. на Општина Ресен, примено во Општината на 14.03.2017 година, со кое побарало по пошта или е-маил да му се достави следната информација:

„- Копија (електронска/печатена) од Елаборат за заштита на животната средина за МХЕ „Брајчино 1“ и „МХЕЦ 376 Брајчино 2“,

–        Копија од решението за одобрување на Елаборат за заштита на животната средина за МХЕ „Брајчино 1“ и „МХЕЦ 376 Брајчино 2“.

Во врска со наведеното барање, Општина Ресен на 19.04.2017 година до Еколошкото здружение на граѓани “Фронт 21/42“ Скопје доставила  Решение бр. уп 1-10-8 од 12.04.2017 година.

Незадоволно од добиеното Решение, Еколошкото здружение на граѓани “Фронт 21/42“ Скопје поднесе Жалба до Комисијата.

Комисијата, со допис бр.08-210 од 24.04.2017 година, ја препрати Жалбата до Општина Ресен – градоначалник Ѓ.С. и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.

На 05.05.2017 година Општина Ресен до Комисијата достави Одговор на жалба бр.уп 1-10-8 од 03.05.2017 година, заведен во Комисијата под бр.08-210. Во Одговорот е наведено: „…Во жалбата барателот наведува дека ако имателот на Општина Ресен во делот каде го одбива барањето ако немал создадено информација од јавен карактер конкретно копие од решението за одобрување на елаборат за заштита на животната средина за МХЕ Брајчино 1 и ако не располагал со Елаборат за заштита на животна средина за МХЕ Брајчино 1, потребно било согласно чл.18 ст.1 од Законот за пристап до информации од јавен карактер да го препрати до имателот на информацијата, односно Министерството за животна средина и просторно планирање. Неосновано барателот се повикува дека повреден е членот 18 од Законот, бидејќи знае дека надлежен орган за носење на решение со кое се одобруваат елаборати е токму општина Ресен, но како што е кажано во образложението на решението, Општина Ресен нема издадено решение какво што има наведено барателот, бидејќи нема поднесено такво барање за донесување на решението за одобрување на Елаборатот за заштита на животната средина за МХЕ Брајчино 1 и не располага со Елаборат за заштита на животната средина за МХЕ Брајчино 1 на основа кое би се издало таквото решение и заради тоа стојат наводите дека Општина Ресен требало да го препрати барањето на барателот на друг орган. По однос на наводите во жалбата дека неосновано е одбиено барањето за доставување на Елаборатот за заштита на животна средина за МХЕЦ 376 Брајчино 2, иако бил документот составен од друго лице а општина Ресен располага со него, барателот наведува дека основа за доставувањето на Елаборатот била Листата на информации од јавен карактер, која ја имала истакнато општина Ресен на својата веб страница…наведено во жалбата дека елаборат за животна средина претставувал студија за животна средина врз основа на која општина Ресен издава решение за одобрување на проект, значи елаборат и студија биле исто. И во овој дел барателот неосновано ги поистоветува поимите бидејќи во Законот за животна средина, во одредбите убаво и јасно е наведено што претставува студија, а што е елаборат, така да споменатиот Закон ги разликува и терминолошки и суштински. Во листата за слободен пристап до информации од јавен карактер која е истакната на веб страната на Општина Ресен во документите кои се наведени од Секторот за животна средина, а достапни и се од јавен карактер стојат студии за животна средина, никаде не стои елаборат…“.

Во прилог на Одговорот до Комисијата се доставени и другите списи по предметот.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата утврди дека Општина Ресен не постапила согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Согласно член 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, „информација од јавен карактер“ е информација во било која форма што ја создал или со која располага имателот на информацијата согласно неговите надлежности, поради што доколку имателот ја поседува треба да ја даде бараната информација на барателот. Доколку Општина Ресен располага со бараните елаборати, должна е на барателот да му ги достави без оглед што не е создавач на наведените информации.

Исто така, пак, Општина Ресен, согласно своите законски надлежности, ако не располага со дел од бараните информации, а не знае кој друг имател на информации располага со истите, била должна да постапи согласно член 26 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, според кој „ако Барањето се однесува на информација со која не располага имателот, или ако бараната информација веќе е објавена во согласност со членовите 18 и 23 од овој Закон, имателот на информацијата со Заклучок ќе ја прекине постапката“.

Доколку пак, Општина Ресен со Решение го одбие пристапот до информации од јавен карактер, претходно треба да го спроведе тестот на штетност, со кој ќе се утврди дека со објавувањето на таквата информација последиците врз интересот кој се заштитува се помали од јавниот интерес, согласно член 6 став 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

При повторното постапување по предметот, Општина Ресен е должна да постапи согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и укажувањата на Комисијата.

Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.

Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

 

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

 

* * * * *

 

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од З.Л. од Скопје, поднесена против Министерството за внатрешни работи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 10 мај 2017 година, го донесе следното

 

Р Е Ш Е Н И Е

 

Жалбата изјавена од З.Л. од Скопје, поднесена против Министерството за внатрешни работи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

„Дали за последните години 2013,2014,2015 и 2016 имате изготвено Решение за пензија без овластување на вработени со Решенија и работни задачи со овластување и колку ?“ СЕ УВАЖУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.

 

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

 

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена  во Комисијата под број  08-190 на 30.03.2017 година, изјавена од З.Л. од Скопје, поднесена против Министерството за внатрешни работи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:

Како што се наведува во Жалбата, З.Л. од Скопје до Министерството за внатрешни работи на 28.02.2017 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер, заведено во Министерството под бр.08-12951/1 и бр.22-12952/1, со кое побарала по пошта да и се достави следната информација:

„Дали за последните години 2013,2014,2015 и 2016 имате изготвено Решение за пензија без овластување на вработени со Решенија и работни задачи со овластување и колку?“.

Министерството за внатрешни работи, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.

Комисијата, со допис бр.08-190 од 31.03.2017 година, ја препрати Жалбата до Министерството за внатрешни работи и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.

На 25.04.2017 година Министерството за внатрешни работи до Комисијата достави Произнесување по жалба бр.16.1.2-593/1 од 12.04.2017 година, заведено во Комисијата под бр.08-190. Во Произнесувањето по жалба е наведено : „Во однос на горенаведениот Ваш акт, Ве известуваме дека на 24.04.2017 година изготвен е одговор по однос на барањето од З.Л. и дека истиот ќе биде доставен до барателот.“

Во прилог на Произнесувањето по Жалба доставен е Одговор на барање за пристап до информации од јавен карактер бр.16.1.2-592/1 од 24.04.2017 година насловен до Зорица Лазаревска  во кој се наведува:

“ Решенијата за престанок на работниот однос заради утврден законски исполнет услов за стекнување со право на старосна пензија не се статусни решенија од кои се стекнува статус на овластено службено лице или не се стекнува со пензионирањето, туку во постапката за пензионирање, изготвувањето на решение, битно е да се исполнети законските услови кои ги превидува одредбата согласно која се пензионира работникот….“

Министерството за внатрешни работи на 9 мај 2017 година по меил до Комисијата повторно го достави Произнесувањето по Жалба како и доставницата со кој е испратен Одговорот на барателот.

На доставницата стои дека се работи за спис заведен под бр. 16.1.2-593/1, што е всушност бројот на Произнесувањето по Жалба до Комисијата. На истата има датум 04.05.2017 година, потпис и печат од пошта, но нема потпис од барателот поради што не може да се утврди дека барателот го примил наведениот спис.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за внатрешни работи не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно не одговорило на Барањето во форма предвидена во Законот.

Согласно член 20 точка 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер “Ако имателот на информации позитивно одговори на барањето, за тоа ќе изготви записник.

Согласно точка 2 од истиот закон “Ако имателот на информацијата делумно или целосно го одбие, за тоа ќе донесе решение.

Доколку имателот, согласно своите законски надлежности, не ја создало или не располага со бараната информација, а не знае кој друг имател на информации располага со истата, должен е да постапи согласно член 26 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, според кој „ако Барањето се однесува на информација со која не располага имателот, или ако бараната информација веќе е објавена во согласност со членовите 18 и 23 од овој закон, имателот на информацијата со Заклучок ќе ја прекине постапката“.

При повторното постапување по предметот, Министерството за внатрешни работи е должно да постапи согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и укажувањата на Комисијата.

Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.

Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

 

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.