На 09.02.2018 во Министерството за правда се одржа работен состанок на кој се утврди потребата за измени и дополнувања на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. На состанокот покрај министерот за правда Билен Салији, присуствуваа и претседателот и заменикот претседател на Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, д-р  Ѓорги Сламков и Блерим Исени, како и претставници на повеќе невладини организации и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници.
На состанокот беше истакнато дека во најскоро време ќе се формира работна група која ќе ги разгледа сите доспеани предлози за измени и дополнувања на Законот, кои што до Министерството за правда ги доставија Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер и преставниците на невладините организации по одржаната Јавна дебата за можни измени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер пред крајот на минатата година.
Учесниците на настанот ги образложија предлог измените и дополнувањата на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. На  состанок беше истакнато  дека со измените кои ќе бидат донесени ќе се подобри примената на Законот и ќе се зголеми транспарентноста и јавноста во работата на институциите.