Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер известува дека отвори посебна електронска адреса за доставување на жалбите. Барателите кои не добиле одговор во законскиот рок, или не се задоволни од одговорот, своите жалби до Агенцијата во иднина можат да ги доставуваат на мејлот zalbi@aspi.mk

На истиот мејл, службените лица кај имателите на информации од јавен карактер ќе треба да се произнесуваат по препратените жалби од страна на Агенцијата.